Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган побара денес Саудиска Арабија да објави каде е телото на убиениот новинар Џамал Кашоги, притоа истакнувајќи дека неговата земја има многу повеќе информации за случајот отколку што до сега се објавени.

Од друга страна, Ердоган побара од Ријад да каже кој бил локалниот партнер кој од Саудијците го презел телеото на Кашоги.

Во обраќањето во парламентот Ердоган праша кој ја испратил групата од 15 лица во Турција и притоа подлече дека на саудискиот принц му рекол оти апсењето на 18-те осомничени е важен знак на соработка меѓу двете земји.