Дејтонската мировна спогодба за Босна и Херцеговина сигурно треба да биде преразгледана. Ваков став изнесе турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Анкара.
Мотивите на турскиот лидер се дека по потпишувањето во 1995 година, спогодбата „досега не донела решение за иднината на Босна и Херцеговина“. Ердоган дополни дека ревизијата на договорот треба да се направи со активно учество на ООН.
По повод изборот на хрватскиот член на колективното Претседателство на БиХ во октомври минатата година, за кого Загреб се противи, турскиот претседател повика на почитување на волјата на граѓаните и посочи дека БиХ има потреба од единство на трите народи.
Бошњаците, Србите и Хрватите треба едни на други да гледаат со очите на мирот, а Турција ќе им помага во тоа, изјави Ердоган.
Comments are closed for this post.