Екстремни муслимани во видео обраќање побараа црквата-музеј „Света Софија“ во Истанбул повторно да биде отворена како џамија.
Света Софија има статус на музеј, се третира за светско наследство, а на 1 февруари е точно денот кога таков проглас е објавен пред 84 години. Групата која се нарекува „Отворете ја Света Софија“, ги повика муслиманските верници на 1 февруари да дојдат во некогаш центарот на христијанството, за да се помолат и повторно да ја претворат во џамија.
„Драги пријатели, сите муслимани сте поканети на молитвата која ја организираме за 1 февруари и да извикаме – Отворете ја Света Софија, да ги скинеме синџирите“.
Како што знаете Света Софија во 1935 година беше претворена во музеј на светицата Софија. Ќе бидеме на плоштадот на 1 февруари за повторно да побараме на Света Софија да и се врати првобитниот изглед. Ќе се помолиме на Алах. Се надеваме дека таа клетва ќе излезе од нас“, се заклучува во повикот.
Comments are closed for this post.