Неколку лица се повредени во експлозијата на шише со гас што се случи во центарот на Белград.
Екипите на брзата помош се на терен, истрагата е во тек.
Од силната експлозија се скршиле прозорците на блиските локали, додека пак од Брзата помош велат дека две лица се пренесени во Ургентниот центар, како и дека едно лице е на реанимација.
Полицијата соопшти дека пет лица биле повредени во експлозијата.
Според првите информации, експлозијата се случила во ресторан за брза храна, а повредени се работници и човек кој дошол да помогне, а еден од нив е со тешки повреди.
Comments are closed for this post.