Го гледавме на семејни фотографии со своите колеги – сите костумосани, тој со сако, но и со патики. Рекол мора да ги носи, имал обврска. На гласање излезе во шорцеви. Сега новинарот Џек Парок објави на својот Твитер фотографија со албанскиот премиер Еди Рама, кое го правел не само во шорцеви, туку босоног. Интервјуто било дадено за група европски новинари.
Новинарот објаснува дека ова интервју било нешто поразлично од другите кои тој ги правел.
„Албанскиот премиер Еди Рама не пречека бос, во шорц и летна маичка. Разговорите беа фокусирани на потенцијалниот почеток на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Интервјуто ќе биде емитувано на Јуроњуз во наредните денови“, објави новинарот Парок.
Comments are closed for this post.