Во мој интерес е да живееш што подолго, но внимава кога ќе го завршите своето „крстарење“ во Шпанија, бидејќи кога ќе се симнете од бродот нема да ви помогне ниту панцирот, му рекол Сретко Калиниќ на својот поранешен пријател Лука Бојовиќ.
Сретко Калиниќ (48), главниот убиец на „земунскиот клан“ напиша нова книга во затворот Забела, која ја посветил на својот поранешен пријател, а потоа и смртен непријател – Лука Бојовиќ! Во книгата Калиниќ го кани Лука да го посети во затвор и му вели дека му простил што сакал да го убие, пишува Информер.
Книгата е проширено издание на првата книга на Калиниќ „Земунски клан – кој е кој“. Калиниќ во книгата го нарекува Бојовиќ Амиго, а користел прекари и за другите членови на „земунскиот клан“. Така, Милош Симовиќ е Дерпе Главати Симовиќ, брат му Александар Симовиќ е Дебил Аца, Владимир Милосављевиќ е Влада Будалата, Милан Јуришиќ е Јуре, Цветко Симиќ е Цвеле, Илија Нововиќ е Дебел…
Калиниќ пишува дека Бојовиќ го запознал во 2003 година, кога избегал од Србија по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ и полициската акција „Сабља“.
Comments are closed for this post.