За ВМРО и за мене лично, категорично несупех е ситуацијата во Државната агенција за Бугарите во туѓина, зашто таа тема е една од најважните за нас и нашата организација на Бугарите во Македонија, изјави бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, во емисијата „Бугарија ова утро“ на Bulgaria ON AIR.

Според него, проблем може да биде и спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Исто како што беше успех неговото потпишување, така може да биде проблем и примената, зашто во интерес на вистината бугарската влада е премногу мека во однос на спроведувањето на договорот и можам да кажам дека е и малку незаинтересирана, рече Џамбаски.