Двајца македонски државјани загинаа во незапамтено стравична сообраќајна несреќа што се случи во Србија. Освен двајцата Македонци, загинаа уште пет српски државјани. Како што јавуваат српските медиуми, станува збор за два верижни судара што се случиле на двата правци од автопатот Белград – Ниш, речиси на истото место.

Во несреќата вкупно се оштетени повеќе од 40 возила, а повеќе од 35 луѓе се повредени. Меѓу повредените, освен Срби има и државјани на Германија, Грција, Турција, Албанија и Полска.

Некои од возилата се уништени до непрепознатливост.

Причините за несреќата не се официјално познати, но се претпоставува дека се случила поради слабата видливост предизвикана од магла.