Ослободувањето на Лука Бојовиќ, кој издржува 18-годишна затворска казна во Шпанија, би предизвикало вистинска бура во балканското подземје, предвидуваат експертите.
За време на неговиот престој зад решетки беа убиени неговиот брат Никола Бојовиќ, кумот Драгослав Милорадовиќ и адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ а почина и неговиот татко.
Божидар Спасиќ, поранешен функционер на Државната безбедност, смета дека тешко дека Бојовиќ ќе биде преместен во Србија.
Доколку тоа се случи, враќањето на Бојовиќ во Србија би предизвикало немир, вистински земјотрес во подземјето, не само на Србија, туку и на Балканот. Самиот Бојовиќ изјави дека никогаш нема да се врати во Србија и дека ќе дојде само да ги посети гробовите на татко му и брат му. Но, доколку реши да се врати, можно е една од причините да биде тоа што сака да биде поблизок со своите соработници и извори на финансии – објаснува Спасиќ
Убиени брат, кум, пријатели, адвокат…
– За време на престојот во затвор ги загуби најблиските, по ред беа убиени неговиот брат, кумот, пријателите и адвокатот. Иако е во затвор во Шпанија секако е добро информиран, но сепак недоволно свесен за состојбите во подземјето. Веројатно поради сите загуби што ги преживеа е во фаза на одмазда. Практично, неговото појавување во Србија може да ја доведе Србија во состојбата од пред две години, кога имаше многу повеќе мафијашки убиства. Би бил како темпирана бомба – вели Спасиќ
Comments are closed for this post.