На огласите во Србија и во Хрватска се појавија понуди за вработување на дадилки. Но не станува збор за класични дадилку туку за он лајн чување на деца преку мобилен телефон.
За што всушност се работи. Оние кои ќе се пријават ќе треба преку Вибер да припазуваат на децата во фамилии во САД чии родители се отсутни или се на работа.
Задачата на дадилките е доколку забележат нешто соминтелно преку камерата која е инсталирана во домот чии деца ги чуваат веднаш да ги алармираат родителите. Најчесто децата се на возраст од 10 до 14 години.
За оваа работа постои голема заинтересираност а се плаќа 10 долари од час.
Comments are closed for this post.