Од 7 до 20 октомври албанската Електродистрибуција ќе увезе 112 илјади мегават часови електрична енергија, во вредност од 9,3 милиони евра.
Просечната цена во текот на денот, кога е најголема потрошувачката е околу 92 евра за мегават час и 77,4 евра за мегават час за останатиот период од денот.
Струјата која се увезува од шест компании е со цел балансирање на системот, во услови кога резервата на вода во акумулациите на каскадата на Дрим внимателно се менаџира во очекување на сезоната на дождови. Поради неповолната хидрологија во 2017 година беа увезени над 200 милиони евра електрична енергија. Но, годинава состојбата е поинаква. Само во првите четири месеци од годинава извезена беше струја во вредност од 42 милиони евра, објави тиранската телевизија Топ чанел.
Според компанијата, тендер за увоз на струја ќе биде објавуван на секои две недели, што сепак ќе зависи од хидролошката состојба на касакадата на Дрим.
Поради поволната хидролошка состојба, посебно во првата половина од годинава, трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим – Фиерза, Коман и Вау те Дејес работеа под полн капацитет, остварувајќи дневно прозводство од 28,8 милиони киловат часови електрична енергија.
Comments are closed for this post.