Опозициската Демократска партија веднаш реагираше по изјавата на премиерот Еди Рама дека раката за соработка останува испружена и оти заедно ќе одлучат кој ќе го замени претседателот Илир Мета по неговото разрешување.
Демократите, според реакцијата, не се подготвени за соработка со Рама, кого го нарекуваат автор на отуѓување на волјата на албанските граѓани и кој „заедно со Доши и Ракипи спровеле кражба на гласовите”.
– Рама е автор на изборниот масакр и отуѓувањето на волјата на албанските граѓани за промени. Со цел да го отргне вниманието тој продолжува со лаги, манипулации и диверзии. Кражбата на изборите што ја направија Рама – Доши – Ракипи ја однесоа нашата држава во масовен изборен масакр, каде жртви се албанските граѓани и нивната иднина, се наведува во реакцијата.
Порачуваат дека ниту една диверзија нема да ги запре во оваа битка на презентирање факти и докази со кои се потврдува како се купувале гласови од тројката Рама – Доши – Ракипи.
– Наша обврска кон Албанците е да останеме одлучни и силно да се бориме за враќање на демократијата во земјата. Ниту една диверзија нема да не запре во оваа битка, од објавувањето на факти и докази, како и податоци кои го потврдуваат целосниот изборен масакр, се додава во реакцијата на албанските демократи.
Comments are closed for this post.