Кризата во светот предизвикана од пандемијата на коронавирусот ја покажа нефункционалноста на меѓународните и регионалните организации, како ОН и ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ за ТВ Пинк кажа дека Советот за безбедност на ОН се има состанато само еднаш од почеток на пандемијата, на 9 април, и тоа без успех, бидејќи не е составена ниту претседателска изјава, а да не се говори за резолуцијата.
Ако не можете да составите соопштение за борба против Ковид-19 во вакви услови на пандемија, кога толку многу луѓе се заразени и починати, тогаш каква улога може да очекувате од таа организација во решавањето на тој проблем. Исто е и со другите организации – кажа Дачиќ.
Comments are closed for this post.