Црногорското движење, организација формирана во 2017 година, подготвува иницијатива со која од црногорските и од српските власти ќе бара да се формира комисија, што ќе се занимава, како што се наведува, со „пресметка и надомест на штетата за Црна Гора, предизвикана од непријателскиот однос на Србија во Првата светска војна и анексијата од 1918 година„, пишува белградска „Политика“.
Како што пренесува ИН4С, цитирајќи ја подгоричка „Побједа“, движењето иницијативата ќе ја поднесе до претседателите на државите, владите и собранијата на Црна Гора и Србија, Српската православна црква, Српската академија на науките и уметностите и до Матицата српска.
Во документот, што Црногорското движење ќе и го претстави на јавноста наредната среда во Подгорица, се наведува дека „српските сили во 1918 година ја окупирале Црна Гора, со силата на оружјето го укинале уставниот поредок и извршиле анексија на земјата“.
„Актите врз кои се темелеле нивните активности, дејствувањето на Привремениот централен одбор, на Извршниот одбор, и врз кои одлучувало таканареченото Големо народно собрание се незаконски и се донесени од незаконски органи, што не ги познавал уставниот поредок на Црна Гора. Како такви, тие се ништовни, а последиците се подложни на ревизија и во врска со неа, на утврдување на штетата настаната од таквите акти“, било соопштено од Црногроското движење, пренесува Танјуг.
Comments are closed for this post.