Состојбата во Тирана е тензична откако опозицијата денеска се обиде да влезе во Парламентот и таму да да го искаже незадоволството од актуелната влада. Полицијата го спречи нивниот обид а оние најупорните беа спречени со солзавец и водени топови.

Тие бараат оставка од премиерот Еди Рама, и одржување на предвремени избори со техничка влада.Тој пак ги обвини дека го кочат европскиот пат на земјата.

Демонстрантите своето незадоволство го искажаа на платото пред Парламентот на кој со црн чад напишаа „Рама оди си“.