Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати изјави дека „албанската поддршка за новиот претседател на Северна Македонија е знак дека тие се движат кон членство во Европската унија“.
Тој додаде дека Албанците уште еднаш докажале дека тие „се движечка сила за евроатлантскиот курс на Северна Македонија“.
„Поддршката од Албанците за новоизбраниот претседател Стево Пендаровски е јасна поддршка за патот кон членство во ЕУ како и за демократската стабилност на мултиетничкото општество“, изјави Бушати.
Тој истакна дека од постигнувањето на Платформата на албанските партии во јануари 2019 година, улогата на Албанците како државотворен народ се зголемува, а како примери ги посочува тоа што претседател на парламентот е Албанец, како и употребата на албанските симболи и на албанскиот јазик.
Comments are closed for this post.