Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше пречекана со протести и извици „нацистке“ во Сопот, Бугарија, за време на посетата на најголемата државна фабрика за оружје ВМЗ-Сопот.
Собирот беше организиран од евроскептичното движење Вазраждана, чиј лидер Костадин Костадинов тврди дека шефицата на ЕК „ја симболизира деградацијата на Европа“ и дека таа „не е добредојдена во Бугарија“.
Демонстрантите го блокираа патот пред фабриката, а полицијата интервенираше во инцидентот и приведе неколку лица.
Comments are closed for this post.