Министерството за прда објави дека работи на предлог-закон со кој ќе биде елиминирана можноста за добивање бугарско државјанство врз основа на нвестции. Ова се случува само ден пред Европската комисија да го објави извештајот во кој остро ја критикува таа пракса и ја поврзува со ризици од корупција, перење пари и помагање на меѓународен организиран криминал, јвуват bTV Новините.
Малта, Кипар и Бугарија се единствените држави во ЕУ, кои продаваат државјанства (и европски пасоши) на богати бизнисмени доколку инвестираат милион, два евра. Во 20 други држави од Унијата, инвестициите се основа само за добивање право на престој.
Повикувајки се на работна верзија на извештајот, Ројтерс пренесува дека во трите држави биле констатирани проблеми околу потеклото на парите на инвеститори, кои сакале да станат Бугари, Малтежани или Кипрани. Истовремено, нема механизам за лесно идентификување на оние кои купиле пасоши.
Од Министерството за правда, меѓутоа откриваат друга причина за да се откажат од трговијата со пасоши: „Податоците покажуваат дека не е постигната целта за зголемуање на реалните странски инвестиции и на економскиот развој. Како резултат на тоа, не е постигнато и отворање на нови работни места. Како дополнување на анализата, во некои случаи подоцна е утврдено, на пример, дека инвестицијата не е релизирана заради извршена продажба на купените објекти или од други причини“.
Comments are closed for this post.