Во периодот од 18 до 28 септември во Софија биле проверени 178 училишта, и во 113 од нив биле откриени деца со вошки, соопшти Регионалната здравствена инспекција за главниот град (СЗРИ).
СЗРИ на својата интернет страница денеска објави резултати од направените проверки во септември и тие покажуваат дека вошливоста преовладувала претежно во нижите одделенија, каде 58 отсто од откриените случаи биле кај дека од претшколски групи до четврто одделение, а 38 проценти од петто до седмо одделение.
Во последните години во Софија постојано расте бројот на лица кои имаат вошки, соопшти здравствената инспекција
Comments are closed for this post.