Неколку бошњачки организации од дијаспората побараа од регионалните, особено од црногорските власти да го забранат и од задолжителна лектира да ги отстранат „Горски венец“ од Петар Петровиќ-Његош и „Песочен часовник“ од Данило Киш, наведувајќи дека тоа се “националистички дела против исламот и муслиманите.”
Oд Министерството за култура на Црна Гора побарано е укинување на „Његошевата награда“, највисокото државно признание кое го доделува претседателот на Црна Гора.
На тој начин ќе искажете почитување кон муслиманските жртви, Бошњаците и Албанците, кои се извршени во Црна Гора од потурчувањето до војната во деведесетите, истакнуваат од бошњачките организации.
И покрај тоа што на Владите на Црна Гора и земјите од поранешна Југославија им е даден рок од 100 дена за одговор, истиот од официјална Подгорица пристигна веднаш.
Министерството за култура нема да ја укине „Његошевата награда“, како најголемо меѓународно признание од јужнословенската литературна област, порачаа од ресорното министерство.
Оттаму потенцираат дека на ресорот му е важно и меродавно мислењето на стручната критка, а Његошевото дело, посебно „Горски венец“, е сместена на самиот врв на јужнословенската книжевност.
Од црногорското министерството за култура додаваат дека во апелот од неколкуте бошњачки организации доминира неприфатлив пристап и толкување на Његош и неговите дела, изведени од политички, а не од книжевни мотиви.
Барањето за забрана на двајцата големи писатели е потпишано од КСПД “Санџак” во Словенија, Бошњачко-американската национална асоцијација (БАНА), “Правда” од БиХ, Конгресот на Бошњаците од Северна Америка и од Канадскиот институт за истражување на геноцидот.
Тие тврдат дека ако “не се преземе позитивен потег”, ќе се обратат до Европската унија, Обединетите нации и до Стејт департментот.
Comments are closed for this post.