Валканите пари од аферата Рекет, кој ја тресе Македонија, но и целиот регион, оделе во Сојузот за Србија(СЗС) и тоа преку Вук Јеремиќ, открива српски „Курир“.
Јеремиќ, кој е еден од лидерите на СЗС, повеќе пати доаѓал во Скопје, каде се состанувал со луѓе од опкружувањето на Боки 13, меѓу кои клучен е Зоран Башановиќ, советникот на Зоран Заев.
Организатор на состаноците бил Башановиќ, кој е добар со Јеремиќ, па средил српската опозиција да добие пари. Не се знае дали тоа е позајмица или не, но сигурно е дека парите оделе за финансирање на протестите „Еден од пет милиони“. Станува збор за сума од повеќе илјадници евра. Тоа практично значи дека парите освен за Јеремиќ, оделе и кај другите лидери на СЗС, Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас – открива изворот на Курир.
Тој додава дека Башановиќ бил задолжен парите од Боки 13 од Македонија да ги префрли во Србија.
Направил најмалку две трансакции вредни повеќе илјадници евра, а планот бил за време на летото да направат уште, но тоа им се изјаловило кога Јовановски завршил зад решетки, а потоа протече и снимка на која во Луј Витон ташна изнесува 1,5 милион евра од куќата на Орце Камчев – вели изворот.
Изворот тврди дека бизнис шемата била многу реална.
Од Македонија се финансираше се што беше против претседателот Александар Вучиќ. Тоа е сигурно. Од тој рекет добро се офајдија одредени српски структури. Се знае дека Драган Ѓилас повеќепати доаѓал кај Зоран Заев, а јасно е што е интересот, пари. И тоа не само за Ѓилас, туку и за целата српска опозиција. Повеќе од јасна е улогата на Башанавиќ, сите ги спои само влијание и кеш – вели изворот.
И лидерот на ЛДП, Чеда Јовановиќ се сретнувал со Боки 13 во Скопје. За тоа сведочат фотографиите од Инстаграм, кои Јовановски ги објавил во септември минатата година.
Comments are closed for this post.