Невремето кое го погоди островот Крит, доби димензии на библиска бура. Извештаите велат дека бурата „Океанис“ направила огромни штети на инфраструктурата, а настрадал и еден историски мост. Најпогодени биле Канија и Ретимно. Едно лице на возраст од 61 година исчезнало додека бил во своето возило кое водата го однела. Возилото е пронајдено, но не и човекот по кога се трага.

Локалниот гувернер изјави дека штетите се огромни, притоа оперирајќи со сума од најмалку 100 милиони евра.

Синоќа војската донела опрема за да направи два привремени моста на местата каде водотеците ги однеле постоечките, меѓу нив и еден многу стар, историски.

За итна поправка на локалните патишта во двете најпогодени области се потребни 4-5 милиони евра, изјавија надлежните.