Белград попладнево го зафати силно невреме проследено со олуен ветер, грмотевици, пороен дожд… Многу улици за кусо време беа поплавени поради што сообраќајот се одвива со тешкотии.

Силно невреме ја зафати и околината на Белград, особено беше тешко погоден Горни Милановац, каде удри и град со големина на топчиња за пинг-понг.


Српските метероролози најавуваат дека ова е само почеток на бурите кои во наредните денови ќе ја погодат Србија.

Објавен е црвенб метео аларм за повеќе региони, каде се очекува да наврнат и повеќе од 40 литри на квадратен метар.