Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, во Пекинг потпиша договор со кинеската компанија „Чајна Ројд-Бриџ Корпорејшн“ (ЦРБЦ) за изградба на Индустрискиот парк во Борча, крај Белград, соопштија од српското министерството за финансии.
Као што се наведува во соопштението, паркот ќе биде голем околу 320 хектари и би требало да привлече повеќе од 1.000 кинески компании, со што ќе се отворат околу 10.000 нови работни места.
Според договорот, ЦРБЦ ќе инвестира околу 220 милиони евра во овој индустриски парк, а доколу се земат предвид сите компании што ќе дојдат во паркот, вкупната инвестиција ќе изнесува околу две милијарди евра.
Според мали, во наредните месеци треба се дефинира точниот број на компании што ќе дојдат во паркот.
Истоврено во Пекинг, Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, разговараше со претседателот на ЦРБЦ, Лу Шан, за реализацијата на проектите во кои е вклучена оваа компанија во Србија и на подготвката на нови инфраструктурни проекти.
Како што информираа од ова министерство, Михајловиќ и Лу Шан, кој наскоро ќе го посети Белград, се согласиле врз основа на Меморандумот за разбирање за реконструкција на железничката пруга Белград-Ниш, потпишан во јули во Софија, дека двете земји ќе ги интензивираат разговорите за овој проект.
Comments are closed for this post.