Балканските мафијаши своето седиште за криминално делување го префрлаат во Виена.Како што пишува „Блиц“, ако до пред неколку години тоа беше Шпанија, а пак Белград во деведесеттите години, тоа сега е австриската престолнина.

Доказ за тоа се неколкуте убиства кои се случија меѓу двата црногорски нарко кланови, „Шкаљарци“ и „Кавачки“ како и пресметките на српското подземје.

Српските и црногорските криминалци, но и од другите републики на СФРЈ никогаш не си заминаа од централна Европа, само што интензитетот беше намален. Многу кланови се свртија кон шверц на дрога од Јужна Америка и беше логично со тој „бизнис“ да управуваат од земји што се во централна Европа и брз пристап до Атланскиот океан-анализира „Блиц“.