Несекојдневна случка доаѓа од Србија. Во местото Куршумлија деновиве се одржува локалниот панаѓур. Тоа значи, полни кафеани, многу месо и ракија и весела атмосфера. Тие денови се познати како „весела ракија“ кога ретко кој останува трезен.
Две весели друштва биле собрани во кафеаната „Боле“. Речиси сите биле под гас и си префрлале зборови преку масите.
Набрзо настанала тепачка и биле приведени во полицијата. Откако им пишале пријави за нарушување на јавнот ред и мир ги пуштиле да си одат. Но наместо да си заминат дома на трезнење, тепачите се вратиле во истата кафана и заедно продолжиле да пијат како ништо да не биле.
Ќе признаете дека ова го има само на Балкан.
Comments are closed for this post.