Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Југославија  имаше свој омилен автомобил со кој одел на сите важни состаноци и настани. Интересно е што возилото се користи многу години по Милошевиќ и се уште е во возна состојба.

Овој „ѕвер“ од автомобил, наречен „Слон“ е долг дури 5,25 метри и тежок два тона. Мерцедес 500 SEL  има 5.000 кубика, V8 мотор и повеќе од 300 коњски сили. Има воздушно потпирање и адаптивни амортизери. Во тоа време, ова беше еден од најдобрите автомобили во светот.