Раде Чубрило, поранешен припадник на Легијата на странците и командант на српската војска на Краина зборувајќи за учеството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и неговата српска доброволна гарда во војната во Краина и Босна,  вели дека нивниот придонес бил минимален, бидејќи Аркан немал воено искуство.

„Аркан немаше никакво воено знаење. Колку што знам, тој дури и немаше служено војска. Ако служеше, му требаа уште неколку месеци обука за да биде подготвен за војна. Неговата единица имаше премалку луѓе, околу стотина од нив, повеќе или помалку.Со ваква единица не можеш да планираш сериозни приказни, потребни се неколку илјади луѓе.