На 104-годишна возраст во Загреб почина Јосип Манолиќ, висок функционер на ОЗНА и Државната безбедност, еден од основачите на ХДЗ и прв премиер на независна Хрватска. Тој ги знаеше најчуваните тајни на СФРЈ и Фрањо Туѓман, кои ги објавил во своите мемоари, меѓу кои и фактот дека Жељко Ражнатовиќ Аркан им продавал оружје на Хрватите за да го ослободи од нивниот затвор, како и видео од егзекуцијата на затвореници во Овчара кај Вуковар.

Аркан беше уапсен на 29 ноември 1990 година за носење оружје и осуден на 20 месеци затвор, но во Реметинац одлежал само шест месеци, по што бил ослободен и станал командант на „Тигрите“.

Овој настан беше речиси заборавен додека Манолиќ во својата книга „Политика и татковина“ во 2017 година објави дека Аркан уште пред монтираниот судски процес станал снабдувач на оружје за потребите на Хрватска.

– Хрватска во април 1991 година од неговата компанија купи 12 камиони со оружје од воениот магацин во Батајница, главно калашникови и противтенковско оружје – напиша Манолиќ.