Група од околу 10 луѓе, утринава ја нападнале Амбасадата на Канада во Атина со чекани и бои, нанесувајќи материјална штета на објектот. При нападот биле искршени прозорци и фрлени бои на фасадата на објектот.
Одговорноста за нападот, преку соопштение објавено на анархистички сајт, презеде групата „Рубикон“. Во соопштението опширно и детално, членовите на анархистичката група ги објаснуваат причините за нападот.
Многу рударски компании кои работат низ целиот свет се со седиште во Канада и три од нив беа вклучени во ископување злато во Халкидики. Канадските амбасади ширум светот често ги бранат канадски рударски компании до степен што ги уценуваат владите да прифатат ископувања, заканувајќи се со прекин на односите меѓу земјите, стои во соопштението.
#Greece: The Canadian Embassy in #Athens got a visit by members of the anarchist collective #Rouvikonas, this morning, to protest against the gold mining project in #Skouries, Halkidiki, by Canadian company Eldorado Gold Corp. pic.twitter.com/ETbAx9Sydn
— th1an1 (@th1an1) October 21, 2018
Грчката полиција приведе едно лице под сомнеж дека учествувало во нападот, но тоа подоцна било ослободено.
За нападот, полицијата била известена од чуварот, вработен во компанија за обезбедување. Според „Катимерини, Канадската амбасада во Атина не е под постојано полициско обезбедување, затоа што не се смета за цел на напади.
Со реакција излезе и грчкото Министерство за надворешни работи, од каде го осудија нападот.
Такви незаконски постапки нема да влијаат врз одличните односи на нашата земја со Канада, ниту врз долгогодишните врски на пријателство меѓу нашите народи. Надлежните грчки власти ги преземаат сите неопходни мерки за сторителите да бидат идентификувами, пронајдени и изведени пред лицето на правдата, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Грција.
Comments are closed for this post.