Околу 900 затвореници ќе бидат ослободени од албанските затвори според законот за амнестија, но најнапред тој треба да добие парламентарно одобрување.
Во нацрт-законот предложен од Владата се предвидува со амнестијата да бидат опфатени сите осуденици со пресуди до три години затвор со пресуди донесени до 30 ноември годинава.
Исто така се опфатени и жените, така што се предвидува да бидат пуштени на слобода сите што наполниле 50 години, а за мажите тие што наполниле 60 години, како и млади кои на денот кога го направиле криминалното дело немале наполнето 18 години.
Со амнестијата не се опфатени осуденици за убиство, за организиран криминал како и за кршење на изборните правила.
Comments are closed for this post.