Албанскиот воен брод „Бутринти“ во текот на ноќта спаси нелегални мигранти во водите на Егејско Море, кои се наоѓале во моторен чамец, за кој постоела опасност да потоне.
Спасени се 50 патници, од нив 40 мажи и 10 жени. Илегалните имигранти испловиле од турскиот брег кај градот Чешме кон грчкиот остров Хиос. Веднаш беа известени турската и грчката поморска патрола и Фронтекс, по што мигратите се преземени од турската поморска патрола која мигрантите ги врати во Чешме, соопштија од албанското Министертво за одбрана.
Според Министерство, во рамки на хуманата мисија за спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води плови и бродот „Лисус”на албанската воена морнарица.
Во неколку наврати двата брода од сигурна смрт имаат спасено повеќе од 200 нелегални мигранти, меѓу нив и деца, главно Сиријци, Палестинци, Ирачани и неколку Египќани
Comments are closed for this post.