Откако пропаднаа преговорите со турскиот кознорциум за изградба на меѓународен аеродром во Валона, албанската влада го објави вториот тендер за физибилити студија за проектот, објави Топ чанел.
Се очекува Албконтрол, надлежна за воздушната навигација, да ја избере компанијата која ќе го развие проектот за изградба на ново воздушно пристаниште.
Изградба на аеродром во Валона беше предизборно ветување на премиерот Еди Рама.
Инаку, во Албанија има само еден оперативен меѓународен аеродром – „Мајка Тереза“ кај Тирана.
Според Топ чанел, преговорите со турскиот конзорциум Џенгис констракшн пропаднале „заради финансиски прашања“. Истиот медиум вели дека сега во игра како најсериозен играч се појавува една компанија од Италија.
Според турскиот конзорциум, аеродромот во Валона би чинел околу 100 милиони евра.
Comments are closed for this post.