После земјотресот кој во саботата ја погоди Албанија, регистрирани се повеќе од 340 дополнителни потреси, од кои последниот е забележан нешто после полноќ.
Во земјотресот повредени се 105 лица, а оштетени се 600 куќи и згради, поголемиот дел изграени пред 1990 година.
Жителите на Тирана, Драч и одделни области во западните и централни делови од земјата, едно време беа без струја и вода.
Албанскиот министер за образование Беса Шахини изјави дека сите училишта во Тирана, Драч и Елбасан, најпогодените области, денеска ќе бидат затворени. Според министерката, 98 училишта се оштетени, од кои две не се безбедни за користење.
После земјотресот, со јачина од 5,8 степени во саботата, многумина изегоа на улиците, а најмалку 500 луѓе ноќта ја поминаа на отворено и во привремени засолништа.
Комесарот за проширување Јоханес Хан објави на твитер дека ЕУ понудила помош.
Ова е најсилен земјотрес кој ја потресе Албанија во последните 30 години, наведува Ројтерс, повикувајќи се на министерството за одбрана.
Земјотресот се почувствува и во регионот.
Comments are closed for this post.