Албанец кој беше осуден во Лондон за водење бордел, избегна депортација од Велика Британија бидејќи судијата оцени дека е „умен и вреден“ млад човек.

Кристијан Кодра (25) е осуден на две години затвор за раководење со криминална организација која се занимавала со шверц на кокаин и проститутки.

Криминалната банда на овој Албанец заработила најмалку 460.000 евра за шест месеци пред полицијата да изврши рација во куќа во центарот на Лондон во јули 2019 година.

Обвинителството се обиде да утврди дека профитот на борделот е резултат на проституција и анализираше различни трансакции, вклучувајќи ги и оние поврзани со познатиот рагбист. Неговото име се појави кога детективите прегледаа 180.000 трансакции.

И покрај осудите на Кодра за водење бордел, поседување на незаконски стекнат имот и лажни лични карти, му било кажано дека може да остане во Британија.

Судијата ја усвои жалбата за депортација врз основа на човекови права и рече дека „нема докази дека тој претставува опасност за јавноста“.

„Тој е бистар и вреден млад човек со потенцијал да придонесе многу за општеството. Тој има дом и поддршка овде. Тој би можел да работи. Верувам дека јавниот интерес не бара жалителот да биде депортиран од УК, “

Тој страдал од „тешка хемофилија“ и нема да има пристап до исто ниво на третман во Албанија – што може да влијае на неговиот животен век, проценил судот.

Кодра поднел барање за азил во Британија кога имал 15 години и му била одобрена ограничена дозвола за престој додека не побарал продолжување во 2017 година.
По првичното одбивање, тој доби дополнителни 18 месеци во јули 2019 година, а истиот месец беше уапсен за водење бордел.Инаку, криминалната организација на Кодра е осудена на вкупно 25 години затвор