Сопственикот на ресторан во Албанија скапо плати за своите слаби нерви. Откако нападна шпански туристи, инцидент снимен и објавен и стана вирален на социјалните мрежи, албанските власти откриле дека неговиот ресторан бил изграден без дозвола. Решението експресно било најдено – ресторанот беше урнат до темел.

На видеото кое трае повеќе од 6 минути се гледа како сопственикот на ресторанот Михал Кокентима (51) се качува на хаубата на возилото во кое се шпанските турсити и се обидува да го искрши ветробранското стакло.

Во изјава за полицијата Кокетима се бранеше дека никого не нападнал, не удрил и не повредил и оти тој бил жртвата, а Шпанците ги бркал зашто побегнале без да платат за услугите. Албанските власти, пак, го обвинија дека „го посрамотил на далеку прочуеното албанско гостопримство“.

Казната, пак,стигнала вчера – неговиот ресторан беше урнат со булдожер. Сега се очекува казна и во судскиот процес.