Лидерите на косовските институции ѝ ја честитаа на коалицијата на политичките партии на Албанците во Црна Гора, „Албански форум“, победата на локалните избори во новоформираната црногорска општина Туз.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи оцени дека „победата во Туз е сеалбанска победа“.
Ова е најсвеж доказ за тоа што можат да постигнат Албанците кога се обединети околу еден идеал, напиша Тачи на Фејсбук.
Rezultati i zgjedhjeve në Tuz është fitore mbarëshqiptare. Është shembulli më i mirë se çfarë mund të arrijnë shqiptarët kur janë të bashkuar rreth një ideali. Urime Forumit Shqiptar! HTH
Posted by Hashim Thaçi on Sunday, March 3, 2019
Претседателот на Собранието, Кадри Весели рече дека вчерашната победа на Албанците во Туз е „порака за сите Албанци, каде и да се“.
Кога се обединуваме стасуваме таму каде што сакаме. Секогаш. Честитки!, напиша Весели.
Fitorja e sotme e shqiptarëve në Tuz është mesazh për shqiptarët kudo që janë: Kur bëhemi bashkë, arrijmë aty ku duam. Gjithmonë. Urime!
Posted by Kadri Veseli on Sunday, March 3, 2019
Премиерот Рамуш Харадинај, исто така, оцени дека обединување на албанските субјекти во Туз претставува одличен пример за тоа дека единството носи успеси.
Обединетата коалиција на албанските политички субјекти се избори за правото да го води Туз. Одличен пример дека единството на албанскиот фактор носи успеси. Честитки за Албанците од Туз за оваа историска победа, напиша Харадинај.
Bashkimi në koalicion i subjekteve politike shqiptare, fitoi të drejtën për të qeverisur me Tuzin. Një shembull i…
Posted by Ramush Haradinaj on Sunday, March 3, 2019
Слични пораки и честитки до Албанците во црногорскиот планински регион Малесија упатија и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Енвер Хоџај, како и лидерите на политичките партии, граѓански здруженија и личности од јавниот живот во Косово.
Коалицијата „Албански форум” на вчерашните избори во Туз освои повеќе од 47 отсто од гласовите, со што обезбеди 16 места во 32-члениот совет на општината.
Comments are closed for this post.