Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека Србија сака да постигне компромис со Приштина, но дека е сосем сигурно оти Албанците „не сакаат дијалог и постигнување компромис”.
– Тие одат по патот на конфликти и наметнување на решение. Мислам дека мирот не може да се постигне на таков начин и може во иднина да платат висока цена за таквата неподготвенст за постигнување на компромис. Спротивно на тоа, Србија сака да постигне компромис, изјави Ѓуриќ за “ТВ Пинк”.
Тој истакна дека „Божиќ поминал мирно и весело” за повеќето Срби во Косово, како и дека претседателот Александар Вучиќ има план „да и помогне на секоја српска средина во Косово”.
Запрашан дали наскоро ќе биде разрешено убиството на лидерот на партијата на косовските Срби, Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда” (СДП), Оливер Ивановиќ, Ѓуриќ рече дека е многу загрижен и дека не гледа сериозна работа на приштинските институции во врска со ова прашање.
– Ние, исто така, ги гледаме и активностите на одредени политички кругови во Србија, каде што, како мршојадци на трагедијата на едно семејството, сакаат да ја оцрнат сопствената земја. Посебно, ме нервира кога гледам како се малтретира од страна на медиумите, неговата сопруга Милена Ивановиќ, само затоа што не им се допаѓаат нејзините политички ставови, изјави Ѓуриќ, додавајќи дека Србија за ова прашање прави сé што може
Comments are closed for this post.