Грчкото обвинителство гони 20 функционери за пожарот во јули минатата година во областа Мати во кој животот го загубија близу 100 лица. По седум месечна истрага меѓу обвинетите се најдоа двајца градоначалници, поранешниот Генерален секретар за цивилна заштита, функционери во полицијата и противпожарната служба, но и еден 65-годишен маж кој е одговорен за избувнувањето на пожарот.
Обвиненијата се однесуваат на подметнување пожар од небрежност, убиства од небрежност и поради пропусти и физички повреди од небрежност. Според грчките закони за овие прекршоци предвидена е казна затвор до пет години, а под исклучителни околности може да биде и до десет години.
Воо истрагата биле сослушани 350 роднини на жртвите и бил разгледан обемен материјал што содржел разговори меѓу полицијата и противпожарната служба, видео материјали и други податоци и информации.
Comments are closed for this post.