Голем скандал во кој е вклучен словенечкиот премиер Роберт Голоб е на повидок. Како штообјави „Курир.рс“ словенечката државна енергетска компанија ГЕН-И, додека ја водеше Голоб пратила во Приштина милионски суми.
Косовскиот премиер Аљбин Курти се најде среде голем балкански скандал во кој беше откриено дека неговата изборна кампања била незаконски финансирана со пари од Словенија!
Хрватските и словенечките медиуми објавија нови факти за финансиската афера која се одвива од 1 април минатата година околу премиерот на Словенија Роберт Голоб и косовските политички претставници, а кои потврдуваат дека имало неколку сомнителни трансакции, чија вредност оди до 100 милиони евра.
Сомнителни пари
Голоб штом ја презел премиерската функција се соочи со голема финансиска афера, поради сомнителните парични текови на државната енергетска компанија ГЕН-И на чие чело помина 16 години.
Според медиумите, од оваа компанија додека на нејзино чело бил Голоб, меѓу другото, биле користени и повеќемилионски трансакции за финансирање на предизборната кампања на Курти.
Comments are closed for this post.