Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.