Дали Македонија се движи во вистинска насока на внатрешен и на надворешен план? Како власта се справува со нафтената криза предизвикана од војната на Блискиот Исток за „Република“ говори политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи. Тој во интервјуто вели дека ДУИ не може да се помири дека не е во Владата, но од друга страна Вреди покажа дека е неподготвена со кадар да биде дел од власта.
Како ги оценувате протестите на студентите Албанци правосудниот испит да го полагаат на Албански јазик. Дали ова барање е јазичко или политичко?
Фаризи: Правото на протест е основно право. Секој грaѓанин може да протестира за одредено мислење што го има и ако мисли дека е дискриминиран или некое право му е ускаратено од државата. Протестот е многу интересен бидејќи се случува после владењето на две години од новата влада и од тоа што ДУИ веќе е долг период за нив во опозицијата, бидејќи ти ни два часа во минатото не можеа да бидат во опозицијата, ДУИ не можат да се свестат и да направат крупни реформи внатре.После протестот што го правеа против Законот кој требаше да се толкува пред Уставниот суд и се сеќаваме минатата до година кога го чуваа албанскиот iазик пред Уставниот суд да не избега со шатори, но сметката ја платија како политичка партија, бидејќи беа ставени на црна листа и немаа поддршка од странскиот фактор, а тие се навикнаа 22 години сегогаш да имат поддршка односно, тие да бидат како жртвено јаре за одредени ситуацији дека се жртви од политичкиот систем, односно од самата македонска политика дека е против нив а тоа им било шминка пред меѓународниот фактор. Од друга начин никогаш не се желеа кога се договораа за тендери во минатата власт, особено во последните седум години, особено после 2020 година. Тие се обидуваат преку студентите да видат колку младината се подржувачи на таа политичка структура, имајќи во предвид дека во последниот период ДУИ ги губи младите, бидејќи младите повеќе гледаат како да одат во дијаспората отколку да работат тука. Единствената надеж на Албанците, односно на албанската младина во нашата држава е да да се вработат во државните институции. Друга визија, таа политичка партија не им нуди 22 години. Што беше протестот? Протестот го водеа студентите, а позади нивните професори, кои се вработиле под капата на таа политичка партија.Да не забравиме дека одредени професори, кои стојат позади студентите, а имаше и инциденти таму, каде се дел од таа политичка структуралност, или се врват во врвот на партија, или се пратеници во Собранието. Така што мислам дека протестот беше една мешавина помеѓу младината на ДУИ, професорите и функционерите на ДУИ Класично преведено во политички стил, тоа беше протест на младината на ДУИ,
Каква врска имаат американските знамиња на протестот?
Фаризи: Слободно може да вееш секое знаме, но многу важно да се потенцира, дека нашата држава не може да го истакне знамето, како да се срамиме или се плашиме . Интересно е што тие протестираа пред Министерството за Правда, бараат право од Македонија, а знамето го нема никаде. Тоа покажува дека колку длабоко е вмешан фолклоризмот на политичките партии и сакаат да профитират политички од овој протест, но и генерално се обидуваат да го поделат на две или повеќе страни бидејќи колку повеќе ги разделуваш, толку повесно се владееш. ДУИ не може да функционира во правна држава. Тие функционират во илегала, бидеќи од таму се дојдени и само на тој начин можат да функционират. Во Министерството за Правда, од кога е донесен за првпат Закон на употреба на јазиците, никогаш ниту еден Министер за Правда не го направи Правосудниот испит да биде на албански јазик.Прво треба еден протест пред седиштето на ДУИ а потоа пред Министерството за Правда. Би било логично кај тие што го создале проблемот, кај нив да се протестираат.Ова е класичен политички чин на ДУИ.
Како ги оценувате промените во Јавното обвинителство?

Фаризи: Ние бевме држава која немаше поделба помеѓу партијата и државата, буквално обвинителството беше под директива на бившите владители, на премиери, министрите и други функционери во државата.Очекуваме poдолг период да се направи независност на правосудниот систем, особено во Јавното обвинителство и во судовите..Првпат имавме случај опозицијата да не го критикува изборот на Јавниот обвинител, Почнаа после два дена односно кога почна да ги прави првите реформи внатре, односно ги чепкаше таму каде што повеќе ги боли, Нивната реакција против Јавниот обвинителство покажува дека само декларативно сакаат да има промени во државата, но не суштински. Тоа само им е само парола како да дојдат на власт а не суштински да променат нешто за добро на за граѓаните.
Како ги оценувате односите меѓу ДУИ и Влен?
Фаризи:Тие немаат концепт и идентите. Целта им оо секоја цена да влезат во некоја можна комбинација да бидат дел од властта. Тоа им е целта. Целта на политичката партија е да дојде на власт,но не се по секоја цена. Тие По секоја цена сакат да бидат дел од властта и нема политички концепти. Политичкиот концепт не се гради за две години или месеци, тоа се гради со години.Треба да бидеш етаблирана и и со кадар. ДИУ 22 години владеа така што буквално ги фатиме под канџа сите државни институцији и сега после две години ние не можеме да се ослободиме од тие луѓе кои се пикнати во тие институција. Треба уште долго време за да може да се ослободиме, Мислам дека Влен беше неподготвена за да биде во Владата, можеби револтот на Албанците беше поголем отколку што беа спремни албанските политички партии кога се формираше Владат. Влен прво треба да испита колку има кадар за да може да се справува со институциите.
Дали е потребна реконструкција на Владата?
Фаризи: Мислам дека е потребна да се напраи реконструкција на Владата. Во Влен има слабости но не треба да ги смените само министрите туку и од вториот или третиот ешалон, кои се многу важни за спроведување на политиката, особено во Влен.Мислам дека за одредени ешалони можеби и порано требаше да се направи, но јас се очекувам во следниот период, за еден месец или два, не само министирите туку и подлабоко треба да се направи во другите институции.

Како ја оценувате Македонија на надворешен план?
Фаризи: Мислам дека моментално ниту една држава нема добри односи, ниту со САД, ниту со Европската унија. Мислам дека ние треба да водиме политика надворешна која ќе биде балансирана со сите големи актери на светот.Да, ние сме демократска држава настроена по Европската унија, но ние треба да ја водиме политиката во принципот на нашот интерес, на нашата држава, а не на некој друг како ќе му се допаѓа. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став, дека нема да се промена на Уставот ако нема гаранција од страна Бугарија и тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава која има преговарано со соседите, и другите држави имале проблеми, ама се решавале. Нема држава која платила толкава цена.
Како Владата се справува со кризата предизвикана од војната во Блискиот Исток?
Фаризи: Светот има големи кризи но ако ги гледаме во Собрание како делуваат партиите од опозицијата за намалување на акцијата ќе помислиш дека Христијан Мицкоски има бунари во дворот на Владата, и копаме нафта. Цел свет е загрозен од цените на нафта, така што добро што владата делуваа според своите политики и мудро се однесува по ова прашање.







Comments are closed for this post.