Пред некоја недела пишевме за татко ѝ и неговите бугарски солзи, оставајќи презумција на невиност во нејзиниот случај, ама тој воз, бугарски воз, веќе замина. Личност на неделата:
Ива Михаилова
Естрадна ѕвезда и кловн. Убаво опиша вчера Мицкоски за тоа како Бугарија ги користи Ива и Симеон за да си имаат муабет какво тоа се однесува „Cеверна Македонија“ со „Бугарите“. Наводниците се затоа што Ива е Македонка, родена и порасната во Кочани. Ама реши да им дозволи на вистинските Бугари да ја користат против Македонија само затоа што некогаш извадила бугарски пасош. А, „убава“ затоа што дури и во Србија е славна, пренесуваат како „лепа Ива“ убила човек, со лаги добила медицински извештаи и побегнала.
Откако избега и лажеше дека тоа го направила легално, имаше многу реакции од јавноста, но ќе ги пренесеме само најбитните:
Во ниту еден момент во изминатата година не изразила сочувство на семејството на 33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен, работникот кој беше совозач во возилото во кој таа се зачука со 86км/час на место каде макс е 60.
Напротив – одбраната на Михаилова се обиде да го деградира загинатиот во бугарските медиуми, со директни навреди за неговата етничка припадност и со теза дека тој наводно работел на викендица на македонски министер во моментот кога се случила несреќата. Као, во ред е ако Ром, Македонец или Албанец загине оти оди на работа кај некој си политичар, али недајбоже на некој со бугарски пасош нешто да му се случи тука. Како Пендиков што не го тепале затоа што се силел, туку затоа што бил бугар. Мхм.
Слично коментира и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заминувањето на Ива Михајлова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, и оцени дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.
Јас ова го гледам во еден поширок контекст. Овде не се работи за едно девојче кое направило сообраќајна несреќа и очигледно лажира медицински извештаи за да се спаси од кривична одговорност, се работи за еден след на околности на луѓе коишто се искористени и после тоа фрлени. Дали се викал Кристијан Пендиков, дали се викало здружение од Битола, на времето беше Спаска Митрова, паралелно беше она шоу, нема друг збор, на пренесување на коските коишто наводно се од Цар Самуил од Солун во Софија, сите тие церемонии, тие спектакли. Оваа влада во Бугарија беше избрана по големи ветувања, не знам какви се со реализација, но штом за претседателските избори не зборуваат за пониска инфлација, за повисок економски раст, нешто за што ние можеме да се пофалиме, туку зборуваат за виртуелни теми за конфликт којшто главно тие го провоцираат тогаш е јасно, убаво опиша вчера вицепремиерот Александар Николоски.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, пак, вчера во интервју за „Клик плус“со право рече дека Бугарија може да стане прибежиште за криминалци кои ќе го злоупотребуваат овој случај, односно Бугарија може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да најдат таму прибежиште.
Ние разговаравме со нашите меѓународни партнери, ова ќе биде покренато и на состаноците со НАТО-алијансата, бидејќи наш партнер во НАТО денеска е прибежиште на осудени криминалци и ние очекуваме во најскоро време тие да бидат испорачани на правдата. Исто така, ова ќе биде покренато и кај нашите партнери во Европската Унија. Не би сакал осуден криминалец да биде причина за неспроведување на правдата, не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму, нагласи Мицкоски.
За крај, доктор Иван Барбов, неврологот кој ја лекуваше јавно кажа дека – се чувствува злоупотребен од неа.
Во интервју за „Претрес“ рече дека според неговата процена, таа ги преувеличувала здравствените симптоми при јавните настапи. Нејзината состојба ниту била животозагрозувачка, ниту пак имала шанси да заврши со траен инвалидитет. Според него, при прегледите имала слабост во нозете, зголемен мускулен тонус и спазми, што било причина да се спроведуваат дополнителни испитувања и да се препишува терапија. Меѓутоа, откако ги видел нејзините јавни настапи и движењето надвор од болничките услови, почнал да се прашува дали симптомите биле претставувани како потешки отколку што навистина биле.
Бугарија е јасна за тоа дека не екстрадитира „бугарски граѓани“. Ама, од друга страна, пак, има дел од бугарската јавност која знае да собере два плус два. Го знаат убаво одговорот на прашањето – ако таа прегазеше бугарски државјанин на улица во Софија и потоа побегнеше во Македонија за да се спаси од нивното бугарско правосудство, дали тогаш бугарската јавност и медиуми ќе ја бранеа со ист ентузијазам „само затоа што е Бугарка“?







Comments are closed for this post.