Заменик-министерката за европски прашања и ко-претседавачка со Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Македонија, Викторија Трајков го одржа 19-тиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација како највисоко експертско тело кое има задача да ги разгледува постигнувањата во сите подрачја и да дава насоки за потребните реформи.
На состанокот се стави посебен акцент на политичките критериуми и Реформската агенда.
Како ко-претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација дозволете да изразам задоволство што по пауза од пет години продолжуваме со состаноците на ова тело со која ја потврдивме посветеноста на Македонија кон продолжување на реформите поврзани со европската интеграција и кон натамошно унапредување на соработката со Европската Унија. Ја потенциравме важноста од континуиран политички дијалог, спроведување на реформската агенда и забрзување на процесот на усогласување со правото на Европската Унија – нагласи заменик-министерката Трајков.
Во рамки на агендата беа разгледани клучните области како владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и Реформската агенда.

Состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација со ЕУ заврши со потврда за продолжување на редовната работа на поткомитетите во рамки на ССА и подготовка на наредниот состанок на Комитетот.







Comments are closed for this post.