Скопје денеска наликуваше на град на Косово. Поддржувачи на УЧК се собраа на плоштадот Скендербег за да дадат поддршка на УЧК и нивниот водач Хашим Тачи. Името на поранешниот командант најчесто се споменуваше на протест. Пристутните Албанци бараат негово ослобдување од Специјалниот суд во Хаг кој го терети за воени злосторства против Србите на Косово.

Во недостик на поддршка за политиките на ДУИ во Македонија, Али Ахмети се сврти кон националистички теми како што е војната на Косово и конфликтот во Македонија.

Aхмети во говорот ги спомена и Џејмс Рубин и поранешниот амбасадор на САД во Македонија и Србија Кристофер Хил и Москва и Белград.

Време е нашите момчиња да се вратат дома!Нашите момчиња се невини, нашата борба е чиста!
Војната на ОВК е света и затоа, сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК! рече Ахмети пред присутните.

На протестот изобилуваше позната иконографија како што се знамињата на УЧК, на основачот Адем Јашари, како и на Голема Албанија.

На бината ги имаше сите знамиња, на Албанија, САД, ЕУ, НАТО, па дури и на Македонија. Недостасуваше само знамето на Косово од каде што потекнува оваа паравоена организација.

Погледнете каква беше атмосферата на плоштадот „Скендербег“