– Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денес.

По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија so 1339,35 бода се најде на 73. место на ФИФА-рангирањето. Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71.позиција.

Лидер и натаму е Шпанија, пред Аргентина и Франција.

Во Топ 10 се наоѓаат и: Англија, Мароко, Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија.