Претседателот на СДСМ Венко Филипче на социјалната мрежа Х најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка, за, како што пишува во соопштението на СДСМ – влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија.
Филипче пишува дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста.
СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ. Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, посочи Филипче.







Comments are closed for this post.