Некако ги заборавивме Артан Груби и обинителот Даниел Коцев кој побара и доби куќен притвор за некогашната прва виолина на ДУИ. Првата виолина тамам се наштима дома и никој не му го расипува концертот.Очигледно куќниот притвор кај нас е VIP салон на правосудството. „Пет ѕвезди. Room service и обвинител по потреба.”

На Артан му се заарни дома неколку месеци, ама лабави се и во Обвинителството и уште не го повикале да даде исказ за она што е обвинет а тоа е злоупотребите во Државна лотарија заедно со другар му Прпарим кој господ знае каде е. Ама па Артим е човек од збор, вети дека ќе се врати и се врати. Го чекаме и Борче, Белорусија ене кај е, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.