Кумството на Балканот е голема работа. Не за џабе се вели дека „кум не е дугме“, а на свадби првите ора ги игра кумот. Во Македонија едни од најпознатите кумства е меѓу Али Ахмети и Артан Груби. Груби беше човекот од доберба на лидерот на ДУИ се до неговото бегство на Косово откако беше осомничен за криминал во Државна лотарија од осум милиони евра. Ахмети тогаш се огласи дека не знае каде е Груби.

Лично немам никаков контакт и немам информација за неговата локација. Мојот коментар се заснова за она што јавно го кажаа владините претставници како и на фактот дека тој легално ја преминал границата, изјави Ахмети во декември 2024 година.

Се до пред неколку дена кога Ахмети се пофали дека лично побарал од Груби да се врати во Македонија и да ја докажува невиноста и прво што му напоменал е да каже дали ја злоупотребил неговата доверба на што Груби му рекол не.

Во интервју за косовските медиуми Ахмети како да наговестува што ќе се случува со Груби и дека тој можеби ќе излезе од куќен притвор. Рокот за да биде поднесено обвинение истекува на 22 август.

Ахмети е под голем притисок во последниот период. Најпрво рече дека има инфомации дека се подготвува обвинение за УЧК во Хаг за потоа да најави дека размислува да се повлече од лидерската позиција во ДУИ.

https://youtube.com/watch?v=fTZ8Np0OtAk%3Ffeature%3Doembed