Здружението ОНЛАЈНМЕДИА најостро ја осудува денешната прес-конференција на СоцијалДемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението ОНЛАЈНМЕДИА.
Oттаму напоменуваат дека ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар.
Кај СДСМ се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно дискредитирање, јавно етикетирање и јавно навредување на медиуми, на цели новнарски редакции, и на повеќе новинари.
Политичките партии во Македонија мора да го надминат тоа, и да разберат дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосем легитимно нешто и всушност треба да го разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како политичка партија. Сите политички чинители, треба да покажува дека имаат капацитет за демократско политичко дејствува, и да разберат дека медиумите се коректор на нивното работење, додаваат од Здружението.







Comments are closed for this post.